👁️  103

Томас Милер во минатото има изјавено дека му дава предност на Кристијано Роналдо во споредбите со Лионел Меси поради тоа што го има победено Аргентинецот во многу наврати, а откако ја подобри својата статистика и на вчерашниот меч во Минхен, капитенот на баварците одново ја начнал оваа тема по поставено новинарско прашање.

Милер беше избран за играч на мечот од страна на УЕФА во победата која ја оствари Баерн со резултат 2:0, а новата победа која тој и неговиот Баерн ја остварија над Аргентинецот, донесоа и зајадлива изјава.

– Против Меси, работите секогаш оделе на добро за нас кога се во прашање резултатите. На клупски план, Кристијано Роналдо секогаш беше наш поголем проблем кога тој беше дел од Реал Мадрид. Како и да е, јас имам максимален респект за она што го направи Меси на Светското првенство, – изјавил Милер во микс-зоната по мечот.

Германецот проговорил и за тимската хемија која недостасува во ПСЖ, а која според него многу потешко се создава со толку многу ѕвезди во составот.

– Индивидуалните перформанси кои ги покажа Меси на Светското првенство беа неверојатни, тој сам го водеше цел тим. Сепак, не е лесно да играте во тим како ПСЖ. Во тим со толку добри играчи, тешко е да направите потребен баланс, – додал Германецот.