👁️  8111

Бугарскиот клуб ,,Ванчо Михајлов” во Битола и новоотворениот бугарски клуб ,,Цар Борис Трети” во Охрид ги финансира познатиот бугарски бизнисмен, доктор и музичар Милен Врабевски.

Во Бугарија е познат како филантроп кој е основач на Фондацијата „Бугарска меморија”, а во земјава неговото име стана актуелно кога лани во мај овозможи македонски граѓани да бидат вакцинирани против Ковид-19 преку неговата компанија ,,Комак Медикал” на граничните пунктови Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село.

Милен Врабевски е човекот кој ги финансира бугарските клубови во Битола и Охридод

Бугарскиот клуб ,,Ванчо Михајлов” во Битола и новоотворениот бугарски клуб ,,Цар Борис Трети” во Охрид ги финансира познатиот бугарски бизнисмен, доктор и музичар Милен Врабевски.

Во Бугарија е познат како филантроп кој е основач на Фондацијата „Бугарска меморија”, а во земјава неговото име стана актуелно кога лани во мај овозможи македонски граѓани да бидат вакцинирани против Ковид-19 преку неговата компанија ,,Комак Медикал” на граничните пунктови Станке Лисичково – Делчево и Златарево – Ново Село.

Има над 120.000 граѓани со бугарски пасоши во Македонија и ние бевме должни да им помогнеме –изјави тогаш тој за бугарскиот портал БНТњуз, откривајќи дека за неколку месеци се вакцинирале над 5.100 лица. Тој не крие дека бугарските клубови во земјава се отворени со негово спонзорство и често дава изјави на темава во тамошните медиуми. Завчера беше присутен на отворањето на клубот во Охрид, а вчера пак заминал во посета во клубот во Битола.

За истиот, кога влезната врата беше опожарена од страна на пејачот Ламбе Алабакоски, изјави дека веднаш со негова финансиска помош била поправена и вратена во првобитната состојба.

Исто така, тогаш во бугарските медиуми тој откри дека освен што го финансира клубот, односно истоименото здружение во Битола, му ги покривал месечните трошоци, ја финансирал дејноста, обезбедил патнички автомобил за потребите на персоналот, им давал донации, средства за тековни ремонти, како и учебни помагала.

И за отворањето на клубот во Охрид, во тамошните медиуми се објави веста дека е отворен со негова финансиска помош.

Врабевски освен што е доктор, е и сопственик на голема компанија за клинички истражувања. На почетокот на пандемијата, тој донираше и заштитна опрема на болници во Македонија.

Исто така, тој го основал и пишува музика и текстови за рок бендот ,,Intelligent music project” кој годинава ја претставуваше Бугарија на Евровизија 2022 во Торино, но не се пласираа во финалето.

Познато е дека поседува градинки и училиште, и често изјавува дека најмногу сака да инвестира во младите.

Неговата фондација ,,Бугарска меморија” пак, основана во 2007 година, поддржувала национално одговорни иницијативи во духот на европските вредности.

Отворањето на бугарските клубови именувани според контроверзни историски ликови наиде на остри реакции кај пошироката јавност. Актуелни се апелите до владата да се забрани со закон регистрација со називи кои се поврзани со фашизам или пак со поддржувачи на истиот.