Милан повторно победува во Серија А, откако со 1:0 беше подобар од Верона во меч од петото коло. Росонерите имаат четири победи и еден болен пораз од градскиот ривал Интер со 5:1.

Дуелот на „Сан Сиро“ доцнеше 30 минути поради големото невреме што го зафати Милано непосредно пред почетокот на дуелот. Пороен дожд буквално го потопи теренот на стадионот, па мораше да се тргне водата за мечот да може нормално да се одигра.

Milano da yoğun yağış sebebiyle
Milan – Verona maçı gecikmeli başlıyacak.
Top zeminde gitmiyor.pic.twitter.com/tWcWnoQBne


— Göktuğ Özal (@goktugozal) September 23, 2023

Откако започна дуелот на Милан му беа потребни само осум минути за да постигне гол. Рафаел Леао погоди за 1:0, а на крајот се покажа дека тој момент е пресуден за трите бода да останат на контото на тимот од Милано. Голот на Леао може да го видите ТУКА.