Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување на „Радио Лидер“ истакна дека власта се однесува како раштиман оркестар дури и за војната во Израел и случувањата во Газа бидејќи не можат да ги донесат назад нашите граѓани.
-Раштиман оркестар, нема никаква стратегија, погледнете што се се случува, не можат граѓаните наши да си ги евакуираат. Мора да ги носат албански компании или црногорски, српски, па сега повторно се бара од соседите. Во очајна состојба се Не знам како може да го издржат денот вака неспособни, сите им се потсмеваат, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека дури и меѓународните претставници посочуваат дека на владините делегации им се потсмеваат каде и да одат, а Ковачевски се однесува дека е дојден да ужива како премиер бидејќи ја заврши работата да потпише документ.
-Треба веднаш да се дејствува, веднаш да се носат одлуки, Ковачевски се уште нема јасен опис за неговото работно место, се однесува како дека го поставија тука, требаше да потпише еден документ и сега да го остават да поужива уште некој месец како премиер. Колку пати добивате од него одговор „не знам, прашајте го тој министер или директор“ кога новинари го прашуваат? Тоа значи дека нема авторитет, а второ нема легитимитет, не потекнува од базата и изборен процес, рече Мицкоски. (МИА)