👁️  5

„Во животот човек треба да се бори, а најдобро е кога таа борба ја правите дома, овде. Јас знам дека моментално нашата држава, во Македонија се случуваат многу внатрешни проблеми, голема неизвесност, неправди, младите луѓе се повеќе се бунтовни и тоа што го доживуваат создава кај нив револт, тој револт како реакција секогаш има изговор ќе си одам од овде. И сето тоа претставува навистина проблем кој што треба да се менува“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при вчерашната средба со млади во Ново Село што е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Еден од младите во текот не средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече – „Сведоци сме на работите што ги прави власта во образованието во однос на студентите. Тие ветуваа студентски градови, висок студентски стандард, ветуваа висок студентски оброк, но сведоци сме на еден начин на омаловажување на студентите бидејќи гледаме каков живот живеат студентите, во какви студентски домови. Па, што да очекуваат студентите, идните студенти од страна на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и какви очекувања да имаат“.

„Излажаа цели студентски градови, тоа е многу голема лага. Толку многу излажаа што мислам дека ќе служат за пример како не треба. Вие ги споменавте тие ветувања кои што беа поврзани со студентски градови, со подобар квалитет во образованието, во високото образование. Ниту во првите 2.000 според Шангајската листа немаме универзитет, а зборуваме за високо образование. Не така одамна имавме и во првите 1.000“, потсети Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план за стимулација на научно – истражувачки центри популарно во светот наречени RND центри кои што ќе бидат отварани во Македонија каде што ќе има високо платени работни места. А, вработените во високото образование ќе едуцираат таков кадар којшто е потребен за тие кои што ќе отворат такви научно – истражувачки центри каде што почетната плата ќе биде 2.000, 2.500 или 3.000 евра.

„И јас веќе разговарав со две сериозни странски инвестиции во Македонија и прашав дали тие имаат такви научно – истражувачки центри во своето производно портфолио и едните и другите рекоа да и тие практично научно – истражувачки центри вработуваат едниот повеќе од 1.000 млади луѓе, машински, електро, процесни инженери, емиски инженери итн., а другите неколку стотини и се подготвени такви да отворат во Македонија“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека од друга страна во делот на инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ планира сериозно да се зафати со студентски центар, град или дом кој што ќе има европски квалитет.