👁️  26

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, рече дека средствата за покачување на пензиите се обезбедени, потенцирајќи дека нема никакви пореметувања на стабилноста во однос на Пензискиот фонд.

Средствата се обезбедени и за оваа со ребалансот, и следната година со Буџетот кој е во фаза на подготовка. Очекувам на владина седница на 16 октомври да биде Буџетот во прва верзија на дневен ред, и очекувам дека после тоа во рамките на Парламентот, преку една дебата ќе се затвори таа рамка, а потоа истиот ќе се врати за конечно да добие конечна форма и да оди на јавна седница и да се усвојува, рече Мицкоски.

Како ќе биде понатамошното нивелирање на пензиите од септември следната година, па 2026, 2027 година се зависи од тоа какви ќе бидат приходите и како ќе функционира македонската економија. Затоа и многу внимателно кажуваме и многу внимателно ветуваме. Не сакаме да кажеме нешто кое што понатаму нема да го исполните. Тоа што бевме уверени дека ќе го исполниме и ќе го испорачаме, тоа и го направивме, вели тој.

Средствата се обезбедени, нема да има никакви дисторзии, ниту пак било какви пореметувања на тој план, дециден е претседателот на Владата Мицкоски.