👁️  12

Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември уште една добиена пресуда против СДСМ дека клевети и шири лажни вести против мене, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Овој пат за тендерската постапка за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер кој подоцна го потпиша градот, со грант обезбеден од оваа влада.

Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но и тоа нема да биде долго, зошто остана уште малку до смена на власта, кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата“ – посочи Мицкоски.