👁️  47

Во рамките на акција „Важно е! Од тебе зависат промените! на средба со граѓаните во село Трпејца се обрати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков каде истакна дека како локална самоуправа се силно фокусирани да Трпејца го добие заслуженото место на туристичката мапа.

-Ние сме конкретно како локална самоуправа силно фокусирани тоа да го оствариме и нема бегање, ние ќе го направиме кога веќе сме на пат или од стариот проект кој што беше со 47-50 пумпи и економска неоправданост во секоја смисла на зборот, направивме проект кој што е само со една пумпа и да го решиме проблемот за цела Трпејца и Трпејца да го добие заслуженото место на туристичката мапа, рече Пецаков.

Во село Трпејца се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски каде потенцираше дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера на целата територија на Македонија од централниот буџет да реалоцира до 250 милиони евра за проекти кои што се поврзани со општинската локална инфраструктура. Имено Мицкоски додаде дека за Охрид се предвидуваат 8 милиони евра годишно да се реалоцираат средства од централниот буџет за проекти во општината Охрид.

-Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера на целата територија на Македонија да го реализира, а тоа е од централниот буџет да реалоцира до 250 милиони евра за проекти кои што се поврзани со општинската локална инфраструктура во делот на како што е случајот овде во ова населено место Трпејца, а тоа е канализациски систем со пречистителна станица, потоа водоснабдителни системи. За Охрид предвидуваме до 8 милиони евра годишно да реалоцираме средства од централниот буџет за проекти во општината Охрид, надвор од буџетот кој што го има самата општина или помеѓу 30-32 милиони евра за еден четиригодишен мандат.

Мицкоски при посетата наброја и се осврна и на други проекти за овој регион.

-Меѓу проектите кои што ги идентификувавме како приоритети е и проектот за изработка на канализација овде заедно со пречистителна станица. Сличен таков проект ќе се прави и во Долно Лакочереј, потоа тука е проектот за изградба на катна гаража во центарот на градот, до пазарот, потоа ново училиште „Глигор Прличев“, понатаму еден плоштад кај Чинарот и еден капитален проект кој што е многу значаен генерално за целата општина Охрид, а тоа е нов водоснабдителен систем „свињишки извори“ кој што е во вредност од близу половина милијарда денари или некаде над 8 милиони евра со што во следните 50 години практично Охрид ќе нема проблем со снабдување со вода, додаде Мицкоски.