👁️  26

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ѝ порача на власта да избере датум помеѓу двата најголеми верски празници идната пролет, на кој ќе се одржат парламентарни и претседателски избори на еден трошок.

-Ќе доживеат жесток пораз и тежок дебакл од народот. Народот треба масовно во огромен број да им ја прати пораката на овие избори. Нема играње со народот! Народот е посилен од секоја тесна клика и елита која си игра со судбината и ја одзема иднината. Доаѓаат промени! Заветот на организацијата и поинаквите цели кои мора да ги оствариме за да ја кренеме Македонија на здрави нозе, додава Мицкоски.