👁️  19

Пари има во буџетот, лошото е што парите од буџетот се трошат за проекти коишто никој не ги гледа. Потрошија повеќе од 200 милиони евра за проект кој никој не го видел, проектот Коридор 10Д, проектот Коридор 8 итн, а се што направија во форма на политики и реформа досега е практично од денес за утре, без никаква стратегија, план. И резултатот од сето тоа е повисоки цени, понизок стандард и примања на граѓаните коишто не можат да си дозволат ни елементарни основни прехрамбени производи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Ние како опозиција излеговме во јавноста, понудивме многу пати решенија досега. Сега создаваме еден нов економски концепт коишто сето ова ќе го има во предвид и со тој економски концепт ќе имаме брз и интензивен економски развој којшто ценам дека уште во првите две години од мандатот ќе биде препознаен и со повисоки пензии и со повисоки плати и со повеќе пари и за земјоделците и за младите, додава Мицкоски.