👁️  180

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека денеска имал средба со здравствените работници во Прилеп.

„Денес со здравствените работници во Прилеп имавме квалитетна и продуктивна средба.

Слушнавме корисни идеи и предлози за целосно реорганизирање на веќе урнисаниот здравствен систем во Македонија.

Немањето слух за нивните проблеми од страна на актуелната власт доведе до огромно иселување на медицинските лица, доктори, медицински сестри и болничари.

Мораме да го спречиме иселувањето на “белите мантили” од Македонија.

Важно е да имаме квалитетно здравство.

Важно е да имаме задоволни медицински лица“, стои во неговиот пост на Фејсбук.