Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мцицкоски денеска оствари средба со туристичките работници кај автопатот Кичево – Охрид, во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

Туристичките работници укажаа на проблемите со кои се соочуваат, а како најголем го издвоија проблемот со патната инфраструктура истакнувајќи пред се’ дека автопатот итно треба да се заврши.