👁️  5

„На крајот од посетата, Гевгелија благодарам. Важно е! Од тебе зависат промените“ – порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако ја заврши посетата на Гевгелија.

Денеска продолжи со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општината Гевгелија.

Мицкоски оствари средба со бизнис секторот, а потоа изврши увид на ново изграденото прифатилиште за бездомни животни.

Понатаму, Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на нов водоснабдителен систем во населеното место Богородица.

Тој го посети патниот правец Гевгелија-Ново Конско, проект кој што ќе го реализира новата влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски оствари и средба со пензионерите, по што изврши увид во градежни активности на асфалтирање и бетонирање во населено место Миравци.