👁️  40

Претседателот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп се осврна на случајот Онкологија или скандал Диво месо укажувајќи дека институциите како Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) и Министерството за здравство, не само што не постапуваат по наодите на Државна ревизија, туку неправилностите само се продлабочуваат.

„Имаме индиции дека тоа што се случува на Клиниката за онкологија, се случува и на други клиники“, кажа Мицкоски за време на посетата на Прилеп која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.

Претседателот Мицкоски информираше дека се истражуваат наоди и за УКРО и за други клиники.

„Истражуваме и скоро и за тоа ќе излеземе во јавноста. На канцер мафијата мора да и се стави крај“, заклучи Мицкоски.