👁️  12

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера сериозно да ја трансформира Македонија како држава. Во следниот мандат, главен предизвик ќе ни биде да ги стигнеме оние критериуми што се дел од колективниот договор, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Затоа што има колективен договор но тој не се почитува. Стоиме на тоа ветување дека од акцизни три денари покрај спортот и културата, еден денар ќе оди за образованието, тоа е околу 800 милиони денари годишно. Како дополнителен стимул за образовниот процес. Наша цел ќе биде, преку политики да успееме младите луѓе да ги задржиме тука, и политики во образованието за нас се клучни, додава Мицкоски.