👁️  75

За кратко време денеска повторно сме во Прилеп и можеме да сведочиме на навистина еден проект кој веќе е на половина, а тоа е реконструкција и рехабилитација на улици во Општина Прилеп. Како што кажа и градоначалникот, тоа е исклучително важен проект бидејќи некои од тие улици повеќе децении воопшто не биле дел од било каква реконструкција односно биле комплетно заборавени и еве сега на овој начин се  овозможува да може граѓаните да имаат подобри услови за живеење што е многу значајно, истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Истовремено како што кажа и градоначалникот Борче Јовчески, тоа што е важно е што во населеното место Канатларци воведен е изведувачот во работи и отпочната е изградба на нова водоводна мрежа со која ќе се зголеми потенцијалот, односно дотокот на вода во самото населено место, што сега претставува навистина голем проблем на жителите во оваа населено место. Но не е само тоа, продолжуваат и оние тековни активности, меѓу кои и културните активности, еве самиот градоначалник ги покани прилепчани и луѓето од околината и цела Македонија да ни се придружат овие неколку дена почнувајќи од вчера, денес и утре да бидат дел од Пивофест и на тој начин сите заедно барем неколку часа да заборавиме на сето она коешто претставува наш сериозен проблем, рече тој.

Мицкоски потенцира дека власта на ДУИ и СДС ги притискаат и гледаат што повеќе граѓаните на тие општини да ги казнуваат затоа што на локалните избори во 2021 година гласале за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

-Добро е што се работи, многу е важно затоа што не смееме да ја заборавиме тука улогата на централната власт на ДУИ и СДС, која сите оние општини кои има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, гледаат што повеќе да ги притискаат и што повеќе граѓаните на тие општини да ги казнуваат затоа што на локалните избори во 2021 година гласале за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците кои се од редовите на коалицијата. Тие се буквално заборавени и ако може дополнително да ги оптерат со некои други работи, тие тоа го прават само за да администрацијата, градоначалниците, делуваат беспомошно, односно на тој начин тие всушност и кажуваат самите граѓани во тие општини.

Но, за среќа набргу од сега за неколку месеци ќе има нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ којашто во сите општини во Македонија подеднакво ќе инвестира без разлика дали е градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ, од некоја друга од политичките партии или независен  и тоа ќе биде основен проект кој ќе биде мнгу значаен за новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, а и минатиот пат кога бев во Прилеп кажав и ќе повторам дека планираме капитални инвестиции кои директно ќе бидат инвестирани од буџетот да бидат помеѓу 8 и 8,5 милиони евра на годишно ниво, што би значело за еден 4 годишен мандат околу 32 до 34 милиони евра, капитални проекти за општина Прилеп и за граѓаните. Нешто што досега не се случувало  и тоа ќе биде еден дополнителен ветар во грб за тие оние кои работат овде во Прилеп. Тоа е надвор од буџетот на самата општина, тоа ќе бидат проекти финансирани од страна на централниот буџет.

Сакам уште еднаш да му честитам на градоначалникот, на советниците, администрацијата, пратениците, кои во рамки на парламентот грчевито се борат да обезбедат амандман плус, но за жал владата е таква каква што е, често ги одбива тие амандмани. Се борат за да додадат вредност и да го направат Прилеп подобри услови за живеење на самите прилепчани и така треба продолжиме во периодот кој следи.

Да работиме чесно, да работиме храбро и посветено затоа што само така може да не биде. И така можеме да направиме разлика од овие во владата на ДУИ и СДС кои крадат и тие кои градат, а во случајот се сите оние луѓе кои навистина си го сакаат Прилеп и општините во Македонија.