👁️  26

Интересно е како една заклетва на Претседателот на Републиката може да го сврти вниманието на целата грчка и европска јавност, а нашето непринципиелно чекање во чекалницата пред Европската Унија повеќе од две и половина децении, со платени високи цени за влез, никако не се коментира ниту е предмет на интерес. Јас сум свесен и за објективните слабости во потенцијалот на институциите, во присуството на корупцијата и акутната неспособност за резултати на власта во заминување, но Македонија плаќање скапа цена поради блокадите на соседите, иако го делиме и заслужуваме заедничкиот европски сон кој е нашата заедничка цел, истакна Мицкоски на днеешната прослава на ВМРО-ДПМНЕ на денот на св. Кирил и Методиј..

Во тоа постојано чекање се губи нашето достоинство. Се удира и по нашата самодоверба и колективно самоопределување. Ако гоговорам ова не значи дека се откажувам од тој сон, затоа што и Македонија е Европа и го полага правото за членство во Унијата. Затоа што мал, но многу значаен дел од колективата крепост на Европа и припаѓа и на Македонија, татковината на Св. Климент и Наум, на Света Лидија Македонката,  Свети Еразмо Охридски, Горги Кратовски, Злата Мегленска и многу други светители. Врз овие грамадни имиња се потпира и нашата света Македонска Православна Црква, Охридска Архиеископија. Која ја има и ќе продолжи да ја има мојата поддршка во борбата за соувување и идентитско самоопределување, согласно заложбите и апелите на г.г Стефан, рече Мицкоски во рамки на подолгиот говор.