Лионел Меси проговори за своите навики и омилените јадења. Според зборовите на 36-годишниот Аргентинец, тој прави многу работи според рутината, без да ја прекрши.

– Имам многу ритуали. Пред да си легнам, ќе подготвам сè на маса за следниот ден. Појадок… Секој седи на своето место. Секогаш сум на истото место, децата, сопругата, јас. Кога ќе се вратам дома, веднаш ги соблекувам патиките и облекувам влечки. Имам и други ритуали, но претпочитам да молчам за нив.

Јас сум многу скромен во храната: печено месо, тестенини, чоколадо, дулче де лече (десерт од шпанската, португалската и латиноамериканската кујна), сладолед. Сакам сè слатко, и можам да јадам сè. Но, се трудам да јадам помалку.