👁️  19

Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува истрагата за Клиниката за онкологија да заврши во најкраток можен рок. Смета дека пациентите така ќе си ја вратат довербата и кон лекарите и кон здравствените институции.

На денешниот брифинг со медиумите, министерот Меџити информира дека има пациенти кои се обраќаат до Министерството за здравство, а потоа ги препраќаат до Обвинителството.

-Ние не стоиме со вкрстени раце. Од прв ден водиме истрага, рече тој.

„Како министер ви гарантирам дека со моите надлежности, без компромис, нема да штедиме никого и ќе работиме. Тоа што ќе го докажеме ќе го санкционираме до крај. За наводите дека на Онкологија доаѓале пациенти од странство, во моментов немам информации, но и да имаме не можам да споделам поради предметот што го води Обвинителството и затоа се што ќе се донесе како одлука на крај, ќе биде јавно објавено пред сите. Пациентите ги упативме до Обвинителството и таму најтранспарентно се работи со сите што имаат информации околу случајот, вклучувајќи и со нивните семејства“ рече Меџити.