Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло во Лигата на шампионите.

Еурофарм Пелистер ќе игра на домашен терен против германскиот шампион Кил, а судиите се од Австрија.

Станува збор за Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ, додека делегатот доаѓа од Грција, а тоа е Сотирис Мигас.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Кил се игра в среда, на 27 септември со почеток во 18:45 часот во „Боро Чурлевски“.