Во тужбата поднесена во петокот пред Врховниот суд на Њујорк, анонимен тужител изнесе нови наводи против Бил Козби. Имено, жената чиј идентитет не е откриен изјавила дека на сетот на „The Cosby Show“ била поканета во два наврати.
Изјавила дека била сексуално злоставувана вториот пат кога го запознала Бил, откако тој и ставил дрога во пијалокот.
-Жената изјавила дека се онесвестила по мала количина пијачка, а кога се разбудила веќе било доцна, пренесува Телеграф.
Се наведува и дека актерот сето тоа го направил на снимањето, како и дека компаниите знаеле што се случува, но дека никој не му го попречил патот.
Козби ги негираше овие наводи и во еден момент ги нарече смешни.
„Наводните обвиненија се крајно смешни и наместени, и јас одбивам да одговорам или да дадам значење на кој било од овие наводи“, рече тој.