👁️  26

Денешниот ден е еден од клучните датуми за иднината на Килијан Мбапе, напаѓачот до полноќ може да одлучи дали останува во Париз до јуни 2025 година, а без разлика каква ќе биде неговата одлука, доколку утре се разбуди како фудбалер на „светците“, ќе добие 40 милиони евра како бонус за лојалност.

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи му постави ултиматум на Килијан Мбапе, или ќе го продолжи договорот или ќе биде продаден до крајот на летниот преоден рок.

Па денешниот ден е еден од клучните датуми за иднината на Килијан Мбапе, напаѓачот до полноќ има можност да ја активира клаузулата за продолжување на соработката до 30. јуни 2025 година.

Се верува дека Килијан Мбапе нема да се предомисли и ќе остане на ставот кој преку писмо им го соопшти на „светците“ уште на средината од минатиот месец.

Радио Монте Карло пак пишува дека раководството на ПСЖ не ја исклучува можноста Реал Мадрид во последен миг да достави понуда. Но евентуалниот предлог ќе биде низок и навредувачки, поточно изговор на „кралевите“ дека се обиделе да го купат Килијан Мбапе но добиле негативен одговор.

Изминативе денови се пишуваше дека Ливерпул сака да го донесе Килијан Мбапе на позајмица и дека Челси ќе понуди играч плус пари за услугите на Французинот, но овие зделки се тешко изводливи.

Во меѓувреме, доколку Килијан Мбапе утре се разбуди како фудбалер на ПСЖ ќе биде побогат за 40 милиони евра (одреди извори пишуваат за сума од 60 милиони евра). Имано, Французинот на 1. август треба да го добие првиот дел од бонусот за лојалност кој му следува како награда за тоа што го одби Реал Мадрид во 2022 и остана во Париз.