👁️  12

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51% во однос на одлуката од 16.10.2023 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,150 ден/кг и сега изнесува 46,499 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 20.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,499 (денари/килограм)