👁️  831

На 04.03.2023 во 09.00 часот во СВР Штип било пријавено дека во својот дом во Кочани бил пронајден починат Г.П.(45) со повреда на главата.

-Според пријавеното, околу 00.30 часот, пред неговиот двор паднал од мотоцикл и се здобил со повреди, а со помош на сосед бил внесен во домот, но одбил да оди на лекар, информира МВР.

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.