👁️  61

Маж од Индија во напад на бес ја отсекол главата на својата сопруга бидејќи и требало премногу време да му свари чај.

Осомничениот (52), идентификуван само како Дарамвеер, вчераутро со меч ја убил својата сопруга Сундари (50) во нивниот дом во селото Фаљагад, во индиската држава Утар Прадеш.

Локалните медиуми јавуваат дека тој прво ја избодел 15 пати со меч, а потоа и ја отсекол главата. Началникот на локалната полиција Вивек Јадав вели дека причината за насилниот напад на гнев е тоа што Сундари не му донела чај на време. Дарамвир се разбудил околу 6 часот наутро неколку минути откако неговата сопруга веќе почнала да подготвува топол пијалок, и веднаш ја прашал каде е чајот.

„Кога Сундари му кажала дека ќе и требаат уште десет минути, 52-годишниот маж се налутил, тргнал по меч и ја нападнал сопругата додека била покрај шпоретот. За тоа време нивните четири деца спиеле во собата“, рекол Јадав, а пренесува Дејли Меил.

Нивниот син ги слушнал врисоците и побрзал да види што се случува. Ја пронашол мајка си облеана во крв. Кога децата се обиделе да и помогнат, Дарамвеер наводно ги нападнал и нив, предизвикувајќи да избегаат во собата. Вресоци слушнале и соседите, кои притрчале кон куќата на 52-годишниот и ја нашле Сундари мртва. Тие повикале полиција, која веднаш го уапсила Дарамвеер. Истрагата е во тек.