👁️  124

Прес-конференција на портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА, Васко Мавровски, СДС манипулира на сите теми, лажните вести им се заштитен знак, културата после пет години повторно е во фокусот на најкултурниот град.

-Не можете, почитувани од СДСМ, без разлика во која која улога сте, дали сте власт или опозиција, никако да излезете од својот партиски шинел.

Никако не успевате, иако тоа навистина е многу чудно, да разберете дека шинели во културата се облекуваат само на сцени на театарски претстави или друг вид уметнички креации, каде е соодветна таква костимографија! Не можете никако да разберете дека културата е вистина надпартиски простор и по својата природа индивидуална или колективна креација.
Не можете да разберете, дека сосема е погрешно од партиска говорница, да зборувате дека е многу култура во градот кој што почива на Хераклеа, градот каде поминувала Виа Егнација, градот кој од секогаш бил место каде најбрзо се среќавале Истокот и Западот.

Не можете да разберете, дека Битола не смее да биде сквернавена како во вашите претходни четири години на локално ниво, а тој страшен процес продолжува, за жал и сега на државно, оти националното го уништивте, а уметниците, несреќно, изјавувате, дека треба само да го забавуваат народот.

Не можете да разберете дека Битола треба да биде, оти тоа го поседува и како култура, но и како традиција културна престолнина, а не последна провинција.

Почитувани од СДСМ, уште еднаш ви повторуваме, ние не ви одговараме вам, бидејќи е повеќе од очигледно дека вие културата ја разбирате по свое и убедени сте, дека средствата треба да се делат по сопствено наоѓање, по пријателски и други принципи, а не со јавни повици, транспарентно, отчетно и за квалитетни издржани проекти, како што тоа го прави сега општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски.

Ние, така не работиме и имаме обврска единствено пред граѓаните да го реализираме она што пред нив се обврзавме: Битола максимално да го искористи своето супериорно културно богатство и традиција и да стане целата и по простор и време – голема културна сцена. Тоа е еден од факторите, кои ќе придонесат во нејзината препознатливост и како туристичка, но и инвестициска локација.

Граѓаните имаат право, не само да знаат, туку и заслужуваат вистинска културна понуда, каква што и доликува, но и може да даде, само и единствено – Битола!

И на крајот, почитувани граѓани, никако не би сакале да веруваме дека Методија Илиевски заборави дека мојата оставка беше на дневен ред на седница уште во септември, а уште помалку дека не знае дека во рамките на Битфест, нема одобрен ниту еден мој проект или проект поврзан со мене. Сепак Методија Илиевски е млад човек и амбициозен политичар, кој што лесно би можел, ако продолжи вака и не се извини, да биде изложен на тужба согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, порача Мавровски.