Маурицио Сари не може да биде задоволен од денешниот пораз на Лацио во Лигата на шампионите, посебно поради доминацијата на Феенорд и убедливата победа на холандскиот тим.
Италијанскиот стручњак по натпреварот не го криел разочарувањето од пристапот на своите фудбалери.
– Нашето прво полувреме беше неубедливо, имавме голем проблем со нивната агресивност и пресинг. Првиот гол беше очекуван, но не и вториот.Не ми се допадна првото полувреме и очекував поинаков одговор, како да се плашевме да играме со топка. Очигледен беше различниот пристап меѓу двете екипи, а Феенорд имаше и неколку брзи играчи.Сега имаме два натпревара на домашен терен и мора да освоиме најголем дел од достапните бодови, дури и еден пораз може да биде проблематичен. Имаме време да ги промениме работите, но со пристап како денешниот нема да направиме ништо, – изјавил Сари.