Во периодот кога сите потпишуваат за клубови од Саудиска Арабија, една голема ѕвезда од стариот континент се пресели во Катар.
Ал-Араби официјално го објави трансферот на играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Марко Верати. 30-годишниот фудбалер за ПСЖ настапуваше од 2012 година. Минатата сезона Верати одигра 38 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања и постигна една асистенција.
Пазарната вредност на фудбалерот е 40 милиони евра, а изненадува тоа што за него немаше понуди од клубови од Европа. Пред да дојде во ПСЖ, Верати го носеше дресот на Пескара во Серија Б.