👁️  5

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер ќе мора да оди на нова операција за отстранување на металните импланти од ногата која ја скрши на скијање на крајот на минатата година.

Баерн денес потврди дека операцијата била направена во текот на вчерашниот ден и истата била планирано од претходно.

Скршеницата на ногата Ноер ја заработи во декември и поради тоа ја пропушти турнеата во Јапонија и Сингапур. Место Ноер на голот на Баер беа Јан Зомер и Свен Улрих.

Првиот натпревар во сезоната Баерн го игра в сабота против Лајпциг во германскиот Суперкуп.