👁️  5

Македонскиот дефанзивец, Јован Манев верува дека по вторпат можеме да ја изненадиме силната селекција на Италија.

Македонија во сабота на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Италија во квалификациски меч. Италијанците добро ја паметат нашата селекција од дуелот во Палермо и сигурно нема да не потценат.

Јован Манев знае дека ќе биде тешко, но ветува дека сите кои ќе играат против Италија ќе го дадат максимумот во надеж дека повторно ќе дојдеме до добар резултат.

„Играме против една репрезентација каква што е Италија. Не може никој да ѝ се закнува на Италија, сите знаеме каква екипа е. Фудбалски е да се надеваш на позитивен резултат и сигурен сум дека секој од соиграчите ќе го даде максимумот и ќе постигнеме позитивен резултат“, вели Манев.

„Веруваме во себе, ако не веруваме нема да сме тука. Мораме да имаме позитивна мисла за да постигнеме посакуван резултат. Не верувам во одмазда, ова е фудбал, секој натпревар е нова приказна, верувам дека ќе ги израдуваме нашите фанови во сабота“.