Манчестер сити го објави рекордниот трансфер на Гвардиол

Манчестер сити го објави трансферот на дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиол. Договорот со 21-годишниот Хрват е на пет години. Играчот ќе игра со број 24.

Трансферот ќе ги чини „граѓаните“ 90 милиони евра, со што Гвардиол стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.