👁️  54

Хари Мегваер сака да остане во Манчестер јунајтед. Откако беше спречен трансфер од 30 милиони фунти во Вест Хем, дефанзивецот има намера да остане на „Олд Трафорд“, објави „ESPN“.

Манчестер јунајтед останува отворен за понуди за Мегваер, но менаџерот Ерик тен Хаг му рекол на играчот дека има простор за него во тимот.

Дефинитивно, трансферот на Мегваер во Вест Хем е отфрлен. И во Манчестер јунајтед веруваат дека е доцна да излезат на пазарот за да бараат замена за дефанзивецот.

До минатата сезона капитенот на Манчестер јунајтед, требаше да се пресели во Вест Хем, откако двата клуба се договорија за трансферот. Сепак проблеми направи самиот играч кој побара голема оштета со објаснување дека во новата средина ќе има значително помала плата.