👁️  1223

Професорот Самоил Малчески, на својот Фејсбук профил, објави дека синот на градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски се вработил во државната М-НАВ.

Тој прво спомена дека се работи за плата од 100.000 денари, но потоа објави статус во кој пишува дека не се работело за таа сума. „Ми се јави пред малку градоначалникот на општина Карпош. Точно е дека син му бил вработен во М-НАВ од пред некое време, лично ми потврди тој, ама не за таа плата. Одговор на прашањето колку плата земал не добив! Ми беше кажано дека не е за таа плата и дека син му бил работник. Не го знам дечкото не можам да зборувам за тоа!

Одговор на прашањето како борец против режимот на Таче и Заев успеал во државна фирма да си го вработи синот, исто така не добив! Пак ми беше кажано дека син му бил работник“, пишува Малчески.

М-Нав е македонската државна компанија што го контролира македонското небо во смисла на воздухопловна навигација, и е позната по тоа што таму се делат највисоките плати во Македонија, во просек од над 3.000 евра.