Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев денеска на својот фејсбук профил објави вест за нова инвестиција во општината:
“Мала Америка во Кавадарци!
Во Општина Кавадарци започнува инвестицијата од 30.000.000 евра на наш сограѓанин кој живее во САД. Како што можете да видете и на официјалната страна на самиот проект, ќе се изгради модерен повеќенаменски комплекс, по највисоките светски стандарди, кој ќе биде единствен во регионот, мол и три станбени згради во новиот центар на Кавадарци, на површина од 65.000 м2.
Во целиот комплекс ќе биде вграден најсофистициран систем за греење и ладење, кој ќе придонесе за заштеда на електрична енергија до 70%.
Изградбата со целокупната документација од Општина Кавадарци е веќе започната. Како што беше најавено и ветено во предизборната програма на градоначалникот Митко Јанчев, целокупниот проект/комплекс се гради во прва фаза како приоритет и ќе биде завршен и пуштен во употреба до август 2025 година.
Кавадарци е европски град!
Кавадарци за сите!”
Линк преку кој може да се погледне проектот во детали: