Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европа се соочува со оживување на исламскиот тероризам и дека „сите европски земји се ранливи“.
„Вчера повторно го видовме тоа во Брисел, сите европски земји се ранливи“, рече Макрон на прес-конференција во Тирана.
Тој додаде дека има „извесно враќање на исламскиот тероризам“, пренесува ТВ БФМ.
Макрон изрази солидарност со Белгија, каде вчера напаѓач, по потекло од Тунис, уби двајца и рани едно лице во предградие на Брисел.
Минатата недела во францускиот град Арас, млад човек по потекло од руската република Ингушетија уби професор и повреди две лица во средно училиште.