👁️  145

Македонската ракометна репрезентација го запиша вториот пораз во квалификациите за ЕП 2024 година, откако беше поразена и на реваншот кај Португалија со 32-27 (15-11).

Данокот на неискуство и неиграњето на Манасков, Талески, Пешевски и Георгиевски, на овие два меча се почувствува во моментите кога се кршеше резултатот. На една помладена Македонија и беше потребна инјекција токму од ваков калибар на играчи. Па на крајот останува сите да жалат што не им пружија рака на помладите и се повлекоа за овие два меча. Првиот на домашен терен ќе го имавме во наши раце. Но, ништо не е загубено, следат мечевите со Турција и Луксембург, каде ќе се бара потврда на местото на ново Европско првенство.

Томовски запиша седум одбрани, Кузмановски беше прв стрелец со десет гола, зад него беше Серафимов со пет.

Одлични 27. минути на избраниците на Кирил Лазаров и три лоши минути во првото полувреме кои една репрезентација како Португалија ги претвори во предност од четири гола (15-11) на одморот. Густаво, голманот на домашниот состав беше одличен, имаше седум одбрани.

Во продолжение поединечните постигнувања на играчите:

Митревски, Томовски, Велковски 1, Ѓоргиев 1, Митев 1, Маркоски, Кузмановски 10, Костески 3, Младеновиќ, Јагуриноски 2, Џонов 2, Стојковиќ 2, Аларов, Петар Атанасијевиќ, Серафимов 5, Петров.