👁️  5

Откако и теоретски го обезбедија пласманот во осминафиналето на Европското првенство, македонските одбојкари попладнево од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје за противник ја имаат Холандија во битка за второто место во групата Ц и полесен противник во нокаут фазата која ќе ја продолжат во Бари.

Со двете победи, над Данска (3-1) и Црна Гора (3-0), како и поразот од неприкосновената Полска (0-3), македонските одбојкари се на третото место во групата со шест бодови, три помалку од второпласираната Холандија која има одиграно и натпревар повеќе.

Пред комплетирање на групната фаза во Скопје, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски утре ќе играат против Чешка по што четирите најдобри репрезентации од групата Ц ќе се преселат во Бари и во нокаут фазата ќе вкрстат со четири првопласирани репрезентации од групата А во која води Италија (12 бодови), пред Србија 9, Германија 8, Естонија 2, Белгија 1 и Швајцарија 1 бод.