👁️  12

Македонската репрезентација во традиционално карате беше најуспешна на ИТКФ Меѓународниот куп “ Хидетака Нишијама” одржан викендот во Неа Мудања, Грција.

Македонските каратисти освоија вкупно 47 медали од кои 12 златни, 13 сребрени и 22 бронзени медали во сениорска-младински, јуниорска-кадетска конкуренција како и во најмалата категорија за деца.

– Најуспешни кај децата беа: Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Филип Недев, Лука Крстевски и Дамјан Трајковски кои освоија повеќе златни медали во поединечна и екипна конкуренција. Сребрени и бронзени медали освоија: Софија Јарчевска, Ѓорѓи Кокорманов, Војдан Паламидовски, Дамјан Денковски, Максим Поп Трпев и Неда Костадиновска. Кај сениорите најуспешен беше женскиот ката тим во состав: Камелија Недев, Берта и Јана Милевски како и Сашо Спасовски кој освои златен медал во борби за сениори. Јадранка Недева освои три сребрени медали во кати, фукуго и кумите. Берта и Јана Милевски и Сашо Спасовски освоија бронзени медали поединечно, информираат од МТКФ.

На второ место по број на освоени медали беше Полска, а на трето место Италија, четврта беше Литванија.

Следен голем натпревар кој ги очекува македонските каратисти е Светскиот куп во Лублин, Полска кој ќе се одржи на 30 септември 2023 година.