Македонската женска репрезентација составена од фудбалерки до 17 години денес оствари убедлива победа над соодветната селекција на Грузија во рамките на воведното коло на квалификацискиот турнир од Б лигата што се одржува во Косово.

Избраничките на селекторот Катерина Милеска одиграа одличен натпревар, доминираа во текот на мечот и на крајот заслужено се радуваа на убедлива победа од 5:0.