👁️  12

Поголемиот дел од познатите од домашната и регионалната сцена се соблекоа во бикини и ги покажаа своите тела раскомотени на плажа, под зраците на сонцето додека фаќаат боја.

Речиси сите ги видовме во мини бикини, а најмногу во трендовската танга. Водителката Ирена Спировска важи за една од најзгодните водителки на нејзини години, а се’ тоа благодарение на нејзината физичка активност. Очекувано помисливте дека ќе ја видиме со фотки од плажа, но Ирена понуди една сосема поинаква перспектива.

Водителката легната по танга, но во салон за убавина.

Причината за да се прикаже во вакво издание е третманот за разбивање целулит, проблемот на сите жени, па дури и на ултра спортски активната водителка.

Овој пат, од нејзините последни објави на Инстаграм таа уште еднаш потврди дека нема никакви комплекси кога е во прашање покажувањето на вистинското, природно издание без никаков коректор. Таа на своите следбенички им сугерираше за третманот и справувањето со целулитот.

Легната на стомак во црна долна облека, а танга моментот секако се издвои во фокус.

-Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база. Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции. Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност, тоа нè прави да бидеме единствени. Колку порано го сфатат тоа младите девојки, толку подобро за нив, вели своевремено Ирена за домашните медиуми, но сепак, ако веќе може да се реши проблематичниот целулит, зошто би го оставиле.

Инаку, Ирена ретко или речиси никогаш немаме прилика да ја видиме во вакво издание, а ќе се согласите дека за нејзините години изгледа подобро од кога и да било.

Летово не понуди фотки од плажа, но затоа се тука оние ретро за да потсетат колку Ирена Спировска е риба и пол.

📷

📷

🎥