👁️  61

Властите на Македонија, nа 12 септември, без објаснување на причините, прогласија три дипломати на Руската Амбасада во Скопје за „персона нон грата“, објави денеска на социјалните мрежи, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Таа овој потег го оцени како неодговорен и непријателски чекор на властите на Северна Македонија и рече дека нема да остане без одговор.

За тврдењата околу протераните дипломати, засега нема потврда од македонското Министерство за надворешни работи.

Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од МВР, денеска објавија дека тројца руски дипломати и еден руски свештеник ќе бидат протерани од земјава поради кршење на дипломатскиот код поради нивна сомнителна активности и дека имаат пет дена да ја напуштат земјава.  (МИА)