👁️  278

Владата на Македонија денеска го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за кредитна линија за поддршка на буџетот од половина милијарда евра.

Kредитната линија како мерка на претпазливост за ликвидност е во износ од 530 милиони евра. Средствата од кредитната линија се наменети за поддршка на буџетот на Република Македонија“, се вели во соопштението од 99. седница на Владата на Димитар Ковачевски.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 26 октомври во Скопје најави дека Македонија во јануари следната година ќе добие 80 милиони евра од ЕУ како итна буџетска поддршка поради енергетската криза.