👁️  12

Нашиот најуспешен автомобилист Игор Стефановски – Иџе, ја оправда фаворитската улога и третпат е европски првак. Искусниот возач ја потврди титулата во Европскиот шампионат за ридско-планински трки.

Последните две трки се возеа во хрватскиот град Бузет, а Иџе успеа да ја круниса успешната сезона со нов трофеј. Во Хрватска, македонскиот возач допатува со солидна залиха пред Николас Вервер, а истата успеа да ја одбрани и да дојде до нов успех.

За Стефановски ова е трета титула во оваа конкуренција. Претходно Македонецот беше шампион во првата етапа од кариерата кога се натпреваруваше, во 2014 и 2015 година. Осум години подоцна, Иџе успеа да го повтори успехот и пак е европски првак.