👁️  12

Мајката на претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес е пуштена денеска од болница и е во добра здравствена состојба.

Анхелес Бехар беше хоспитализирана во средата, откако два дена претходно се заклучи во локалната црква во гратчето Мотрола и почна штрајк со глад во знак на протест поради односот на јавноста кон нејзиниот син.

Рубиалес се најде под остри критики од светската јавност, откако во уста ја бакна шпанската фудбалерка Џени Ермосо при прославувањето на титулата на неодамнешното Светско првенство во Австралија и Нов Зеланд.

Шпанските медиуми јавија дека Бехар добро реагирала на лекарската помош и во придружба на својот син ја напуштила болницата.

Случајот денеска го коментираше и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, нарекувајќи го однесувањето на Рубиалес „непристојно“. (МИА)