ЛУКАШЕНКО ДОБИ СЕДМИ МАНДАТ: Државните медиуми објавија дека актуелниот претседател освоил 87,6 отсто од гласовите во Белорусија

Александар Лукашенко, лидерот кој владее со Белорусија три децении, го освои седмиот мандат на изборите вчера на кои не се соочи со вистинска конкуренција.

Државните медиуми објавија дека 70-годишниот Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, според излезните анкети освоил 87,6 отсто од гласовите.


Официјалното пребројување на гласовите се уште е во тек. Сепак, традиционално, излезните анкети се речиси идентични со подоцнежното објавување на резултатите од изборната комисија.

фото: МИА архива