👁️  5

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ би можел да стане сопственик на најбогатиот договор во историјата на НБА лигата. Според ЕСПН, Словенецот е на добар пат да стане првиот играч во историјата што потпишал „супермакс“ договор од 70 милиони долари за сезона.

Имено, новинарот Боби Маркс наведува дека Дончиќ би можел да биде подготвен да потпише за петгодишно продолжување на соработката со Далас и дека се предвидени 318 милиони долари за него.

За да дојде до историскиот договор, Словенецот веќе исполни дел од условите. Тој беше член на идеалната петорка четири пати (од 2020 до 2023 година) пред да наполни 25 години. Пред него, тоа го направија само Макс Заслофски, Тим Данкан и Кевин Дурант.