Луис Рубиалес попушти под притисокот и нема повеќе да биде прв човек на шпанската фудбалска федерација.
Рубиалес лудуваше по тримфот на женската фудбалска репрезентација на Светското првенство со тоа што еден потег остана во фокусот, бакнежот со репрезентативката Џени Ермосо. Овој инцидент донесе многу коментари, реакции и истиот го засени историскиот триумф на Шпанија на оваа сцена.
Тој на почетокот порачуваше дека нема намера да се повлече затоа што смета дека ништо не згрешил, ама по некое време се реши да ја промени одлука и тоа поради неговите ќерки.
-Многу ги сакам моите ќерки и тие ме сакаат толку, толку многу. Јас сум многу среќен и многу горд на нив, тие ми се многу драги.За мојата оставка, да, тоа ќе го сторам. Ќе поднесам [оставка] затоа што не можам да продолжам со мојата работа. Моите ќерки, разговарав со нив и знаат дека тоа не е прашање за мене. Ми велат, Луис треба да се фокусираш на своето достоинство и да продолжиш со својот живот. Ако не, веројатно ќе ги оштетите луѓето што ги сакате и спортот што го сакате, -истакна Луис во интервјуто за Пирс Морган.