👁️  26

Сојузот на здруженија на лозари бара поголема поддршка од државата, по пет денари за килограм гројзе. Вели дека винарските визби ги нудат ланските откупни цени, 16,5 денари за „вранец” и 14,50 денари за „смедеревка“.

Според Сојузот, ако лозарите ги добиваат реалните производствени цени од винарите, нема ни да бараат државна поддршка.

-Винарите ни ги нудат ланските постигнати цени за грозјето, затоа бараме од државата поголема поддршка оваа година, по пет денари за килограм, а од следната, ќе инсистираме откупувачите повеќе да ни го ценат трудот и да платат повеќе, изјава за МИА претседателот на Сојузот, Јован Златевски.

Како што нагласи Златевски, поголема поддршка е неопходна за да се покријат производните трошоци и за лозарите да не бидат во „минус”.

– Овој гроздобер винарите ги откупуваат најзастапените црна и бела сорта грозје за 18,50 и 16,50 денари. Всушност, ова се ланските цени. Минатата година добивме по 16,50 денари за „вранец” и 14,50 за „смедеревка“ од откупувачите, а на овие цени, плус по два денара од килограм поддршка од државата. Годинава бараме поголема поддршка од државата, за да ги покриеме трошоците за производство и лозарите да не бидат во „минус” оваа производствена сезона. Да бидеме на чисто, ако ги добиваме реалните производствени цени од винарите, ние нема да бараме поддршка од државата, дециден е Златевски.

Тој информира дека родот е намален поради болести, климатски промени и проблеми со наводнувањето како последица на дефект.  (МИА)