👁️  47

Локализирани се краците од пожарот во близина на село Долгаец, во општина Долнени, додека во другите делови пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за негово локализирање. Полицискиот хеликоптер Бел-412 ЕП  до сега врз пожарот исфрли над 25 тони вода, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека полицискиот хеликоптер постапува координирано со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица.

– Денеска (15.09.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар кај селото Долгаец, општина Долнени, го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализирани се краците од пожарот во близина на селото. Но, во другите делови пожарот е се уште активен и се преземаат мерки за негово локализирање. Хеликоптерот Бел-412 ЕП  до сега врз пожарот исфрли над 25 тони вода, информираат од Министерството за внатрешни работи. (МИА)