Со поддршка на два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и еден полициски хеликоптер, пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита вечерва успеаја целосно да го изгаснат пожарот над Катланово, информираат од Центарот за управување со кризи.

Дополнуваат дека во моментов се врши проверка на теренот и догаснување на остатоци во внатрешноста на изгорената површина.